Снимка ги запали мрежите: Жена си го брише носот со банкнота од 500 евра (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Жена која на Инстаграм се претставува како Кендис Н.(36) и нејзиниот партнер Курсат Јилдрим (42), милионер од Германија, се најдоа на удар на јавноста поради објавеното видео.

Го гледаме Курсат како ја теши својата девојка и ѝ подава банкноти од 500 евра за да си ги избрише солзите и носот, а кадрите се придружени со пораката: „Хајтери, правете го тоа што го сакате. За сите други, не го сфаќајте ова сериозно“.

Минатата година, потсетуваме, Курсат на лотарија освои нешто помалку од 10 милиони евра, а сега го гледаме како ѝ приоѓа на партнерката и ја прашува што не е во ред.

„Светот е толку злобен кон мене. Сите ме нервираат. Интернетот ме мрази“, одговорила таа.

Курсат потоа ѝ подава банкноти на својата избраничка, службеничка во локалната полиција, прво да ѝ ги избрише солзите, а потоа носот, пишува Дејли Мејл.

Кендис очигледно сакала да испрати порака до луѓето кои ја критикуваат, но се чини дека предизвика спротивен ефект.

Многумина ја критикуваат велејќи дека „невкусно е што си игра со пари, нечија плата, додека има сиромашни луѓе во светот“.

Имаше и коментари за поддршка, како овој: „Гласно смеење! Најдобар начин да се справите со глупавите, непотребни коментари“.

Една од хумористичните пораки гласела: „Ми треба пакет од овие марамчиња“.

Откако освоил богатство на лотарија, Курсат се почастил со Ферари и Порше кабриолет во вредност од 178.000 фунти, потоа луксузни апартмани во Германија и Турција, вредна дизајнерска облека…

Тој купил многу подароци за пријателите и членовите на семејството.

Во неодамнешно интервју за германските медиуми, тој открил дека сака да започне „нов живот како актер“.

 

останати вести