СКАНДАЛ ВО АМЕРИКА: Полицајци фатиле градски советник како „спие“ надуван, па го уапсиле

by Тони Зографски

Републикански градски советник од американската сојузна држава Род Ајленд, Метју Рајли (41) е уапсен откако минатиот понеделник бил фатен на спиење откако конзумирал крек.

Апсењето, кое е снимено на видео, покажува како човек покрај воланот на автомобил се онесвестил со лула со крек во раката пред полицајците да го претресат.

Загрижениот минувач го видел  како лежи во својот автомобил и повикал полиција.

На видеото се гледа како политичарот, кој е во несвест или длабок сон, го буди полицаец.

„Буквално се гушевте во сон. Некој ме предупреди за тоа“, вели полицаецот.

„Имам апнеја при спиење. Извинете“, вели Рајли, на што полицаецот одговорил: „Па, имаш луле за крек во твоите раце“.

Мажот првично негирал дека има дрога во автомобилот и им рекол на полицајците дека „повторно пушел“ и дека одел на работа.

Полицијата потоа пронашла кокаин во централната конзола на автомобилот, по што Рајли признал дека повторно се вратил на пушењето крек откако бил чист 13 години. Тој тоа го припишувал на „тешкиот развод“. Возачкото седиште било покриено со бели остатоци.

„Ти си советник во Кренстон, пушиш крек, имаш крек на тебе. Што мислиш, што би рекле гласачите?“, го прашува полицаецот на Рали на снимката.

Политичарот, кој е и адвокат, бил уапсен и поднел оставка како советник и претседател на локалниот огранок на Републиканската партија. Тој мора да се појави на суд во јуни.

останати вести