Сè „пука“ од луксуз – 11 бањи, терен за голф, кино, базени … Мбапе искеширал 11.000.000 евра за вила во Мадрид (ФОТО и ВИДЕО))

by Тони Зографски

Најдобар француски фудбалер Килијан Мбапе го заврши своето патување во ПСЖ и наскоро ќе стане нов играч на Реал Мадрид.

Иако сè уште не е официјално соопштено дека кариерата ќе ја продолжи во кралскиот клуб, Мбапе веќе го пронашол својот нов дом во престолнината на Шпанија.

Французинот од поранешниот ас на Реал Мадрид купил луксузна вила во елитната населба Ла Финка каде живееле некогашните ѕвезди на кралскиот клуб – Кристијано Роналдо, Серхио Рамос и Карим Бензема.

Image

За оваа вила издвоил дури 11.000.000 евра. Недвижнината се простори на 1.200 квадратни метри. Има седум спални соби, 11 бањи, неколку тераси, терен за голф, киносала, џакузи, затворен и отворен базен, терен за фудбал и кошарка и паркинг за шест автомобили.

Image

Фудбалски асови обично кога ќе потпишат договор за странски клуб најпрво го изнајмуваат својот нов дом, меѓутоа, Мбапе одлучил веднаш да ја купи куќата, што јасно зборува за намерата долго да се задржи во престолнината на Шпанија.

https://youtu.be/xXz6ka6RoGE

останати вести