Ријана со провокативна снимка ги разлути фановите: Јас сум атеист, ама ова е премногу (ФОТО)

by Тони Зографски

Ријана на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира за насловната страница на магазинот Interview облечена како калуѓерка.

Пејачката позира во калуѓерска мантија со црвен кармин и длабоко деколте, а глетката ги налути фановите.

„Ова не е во ред“, „Ја сакам Ријана, но не ја разбирам опсесијата со сексуализирани религиозни претстави“, „Зарем ова не е богохулство?“, „Зошто не ја почитуваш религијата?“ и „Девојко, јас сум атеист, но и за мене ова е премногу“, се само дел од коментарите.

Инаку, Ријана во претходните интервјуа објасни дека е христијанка и дека односот со Бог ѝ помогнал да се справи со славата.

останати вести