Рафаел Надал беше почесен гостин на доделувањето на спортските награди Лауреус. 37-годишниот тенисер ја доби поддршката од сопругата Марија Франциска Перељо и својата мајка Ана кои беа покрај него на оваа значајна свеченост.
На настанот во Мадрид, талентираниот тенисер се закити со наградата „Sport for Good“ за хуманитарната работа на неговата фондација. На сцената, наградата нему му ја врачи токму неговата сакана, која стои на позицијата директорка на организацијата.