“ПРЕКРАСНА СИ“: Клаудија Шифер покажа како изгледа во бикини на својот 53-ти роденден (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Клаудија Шифер неодамна го прослави својот 53 роденден, а една од најпознатите манекенки во светот и понатаму изгледа одлично. На Инстаграм реши да се пофали со својот изглед, па објави слика во бикини. Поранешната манекенка ужива на одмор во Грција.

Заедно со фотографиите, Шифер објави и видео на кое се гледа како на нејзината рака слета пеперутка.

– Прослава во грчкиот рај, со посебна пријателка која дојде да ми честита роденден – напиша таа со видеото.

Манекенката собра повеќе од 90.000 лајкови на Инстаграм, а во коментарите и го честитаа роденденот, но и го пофалија нејзиниот изглед.

 

останати вести