ПОРАНЕШНА АДВОКАТКА СТАНА ЗВЕЗДА НА “ONLY FANS“ : „Сега заработувам 90 пати повеќе…“

by Тони Зографски

Денис Роча, бразилски модел, адвокат и поранешна парламентарна советничка, ја открила својата драматична физичка трансформација.

Трансформацијата се случила откако таа отворила профил на „Only Fans“ – социјална мрежа за возрасни.

Огнената Бразилка наводно потрошила 250.000 фунти за својот нов изглед.

Таа се придружила на „Only Fans“ пред осум месеци откако некои од фановите на Инстаграм ја охрабриле на тоа, но набрзо потоа одлучила да го поправи својот изглед со низа козметички процедури.

„Кога почнав да работам како фотомодел, забележав дека немам профил каков што бараат модните агенции“, изјавила инфлуенсерката за странските медиуми, па додала:

„Затоа направив некои естетски операции по мерка“.

Денис која е од Бразил и има 2,4 милиони следбеници на Инстаграм, поминала три процедури на зголемување на градите, две операции на носот и една липосукција.

Без оглед на шокантната цена, тоа не барало голема финансиска жртва за неа која тврди дека заработува по 100.000 долари месечно.

VRELA ADVOKATICA TVRDI DA ZBOG NJENOG IZGLEDA NE MOŽE DA NAĐE MUŠKARCA: Evo kakav je NJEN IDEALAN TIP (FOTO)

Адвокатката Денис која работела во истражниот комитет на сојузниот Сенат, станала популарна набрзо откако позирала за „Playboy“, само еден месец откако дала отказ.

Тврди дека после естетските операции заработува 90 пати повеќе од претходно:

OnlyFans: Denise Rocha começa curso de sexologia

„За својот профил на „Only Fans“ во просек снимам две до три видеа неделно, а во слободно време работам фотографирање за разни брендови на долна облека, бикини и фитнес брендови“, изјавила таа.

 

Denise Rocha vende conteúdos sensuais a R$ 3 mil: "Objetivo é ter maior rentabilidade" - Quem | Entrevista

останати вести