Племе во Бразил првпат доби интернет, па стана зависно од порно (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Племето Марубо, кое се наоѓа покрај реката Итуи во Амазон, долго време живеело целосно изолирано од светот, но во септември минатата година биле поврзани со Старлинк на Илон Маск и сега се соочуваат со проблеми, пишува Њујорк Тајмс.

Односно, племето со ентузијазам ја прифатило технологијата, восхитувајќи се како можат да бидат во контакт со своите роднини или да повикаат помош во случај на каснување од змија. Но, постарите забележале дека членовите станале мрзеливи и дека се помалку комуницираат со другите членови на племето.

Сега цело време се „дружат“ на WhatsApp и Instagram, додека помладите членови постојано гледаат порно и почнале да покажуваат сексуално агресивно однесување.

Покрај тоа, некои членови престанаа да разговараат со своите семејства од воведувањето на интернетот и имаа проблеми со ловот, па затоа поставија ограничувања на времето што членовите можат да го поминуваат онлајн.

останати вести