ОТКАКО ОСЛАБЕ: Мирка Федерер прошета во шорц и ги покажа нозете (ФОТО) 

by Тони Зографски

Мирка и Роџер Федерер обожаваат да престојуваат во Италија, каде што летуваат многу познати парови, меѓу кои и Викторија и Дејвид Бекам. Познатиот Швајцарец и неговата сопруга често им се цел на папараците додека ги посетуваат дизајнерските продавници.

Така беше и пред неколку дена кога беа забележани во Портофино. По минатогодишното збогување со професионалниот спорт, славниот тенисер сѐ повеќе внимание ѝ посветува на модата, што може да се каже и за неговата сопруга.

Федерер во голем стил ги поминува пензионерските денови, а еве како изгледа неговата понежна половина кога ќе ги разголи нозете.

И додека на Федерер нема што да му забележиме на полето на стилот, Мирка Федерер сѐ уште не е имуна на модните грешки, но видно го подобри начинот на облекување. Таа е видливо ослабена во споредба со тежината пред неколку години.

Осцилациите во килограмите сè уште не ѝ се непознати, сепак, она што остава најголем впечаток е мислењето на многумина дека секогаш се чувствувала добро во своја кожа и дека е посилна од комплексите и критиките кои ѝ се упатувани на сметката на нејзиниот изглед.

 

останати вести