ОБИД ЗА НАПАД НА МЕРКЕЛ?: Возило удри во оградата од канцеларијата на германската канцеларка (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Утрoво непознат возач со автомобил удри во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Ова го јавува новинската агенција „Ројтерс“. На автомобилот е испрскан слоган против глобализацијата.

Деталите за инцидентот сè уште се испитуваат. Полицијата прегледува црн автомобил, на чии страници е испишано со бела боја „Стоп за глобалистичката политика“, пренесува Мирор.

Од другата страна на возилото е испишана пораката „Проклети убијци на деца и стари лица“.

Десетици полицајци и противпожарно возило беа на местото на инцидентот.

https://twitter.com/i/status/1331531425615581185

останати вести