Познатата актерка Шарлиз Терон која е една од најубавите жени во светот на Холивуд, сè уште изгледа неверојатно во својата шеста деценија. Неодамна го прослави својот 51-ви роденден, а сега се појави во Лос Анџелес поубава, харизматична и попредизвикувачка од кога било.

Нејзиното неодамнешно појавување на гала вечерата во Музејот на Академијата во црна чипка предизвика лавина од реакции, па познатата „атомска русокоса“ беше во центарот на вниманието со причина.
Таа носеше долг фустан со проѕирни детали кои нежно ја следеа нејзината фигура, и иако немаше ништо под креацијата, ја носеше со толку многу женственост и стил.

Холивудската ѕвезда уште еднаш нè увери дека нејзината убавина не е минлива. Она што ја прави посебна не е само совршеното лице, туку ставот и енергијата на жена која зрачи со самодоверба.
