Невидена сцена во Лондон: Жена шета камила по улица (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Веруваме дека жителите на британската престолнина се навикнати на секакви сцени, но речиси и не виделе жена која среде бел ден води на поводник – камила.

Луѓето најчесто се шегуваат во коментарите и наведуваат дека ова е одличен начин да се „избегне градската гужва“ и „лесно да стигнете до вашата дестинација“.

Сите бараат одговор зошто сограѓанката решил да го прошета необичното животно, а некои сметаат дека се работи за „божиќно шоу“, каде што камилата најчесто ја придружуваат тројца мудреци.

Видеото го снимила жена која ќерката ја предупредила за уникатната сцена, а прво помислила дека детето ја лаже, пренесува Daily Mail.

„Не, денес видов премногу чудни работи. Што се случува?“, се слуша како вели низ смеа.

Останува нејасно од каде дошла камилата, а нивното чување не е забрането во Британија со посебна дозвола од локалните власти.

останати вести