Невеста се откажа во последен момент, за сѐ го обвини несудениот свекор (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Запрашана дали се согласува да се омажи за Сантијаго Рестрепо, Колумбијката Џесика Авилез на изненадување на присутните гости одговори – не!

Невестата во последен момент се предомислила иако била облечена во венчаница и стоела со младоженецот пред матичар.

Необичниот настан се случил во Колумбија, а видеото се појави на социјалните мрежи.

Џесика наводно одбила да се омажи поради таткото на младоженецот, односно затоа што Сантијаго ја лажел дека тој го одобрува нивниот брак.

„Нема да се мажам вака. Погледнете како татко му се однесува со моите ќерки откако пристигнавме“, му рекла таа на матичарот.

Џесика додала дека „Сантијаго му дозволува на татко му да го контролира“, како и дека нејзините деца секогаш ќе бидат на прво место, пренесува Net.hr.

Во видеото го гледаме младоженецот како мирно го вади прстенот, додека неговиот израз на лицето открива разочарување.

Колумбиското радио Лакале Блу истакнува дека нема сознанија за автентичноста на видеото наводно снимено во градот Чино.

Се споменува дека младоженецот одбил да ги плати трошоците на свадбата.

останати вести