490
Српскиот пејач Ацо Пејовиќ на концерт во босанскиот град Витез имаше емотивна средба со малата Алмира Патковиќ.
Станува збор за девојка чиј живот го спасил пред 10 години, со тоа што донирал пари за нејзино лекување.
Синоќа за прв пат по неговиот гест и нејзината борба се сретнале. Видеото беше објавено на Јутјуб, а фановите коментираат дека одамна не виделе ништо поемотивно.
Ацо ја земал во раце малата Алмира и ја прегрнал, а таа и нејзината мајка во знак на внимание за се што направил за нив и нивното семејство му додарија скромен подарок.
