Миа Калифа навредила Еврејка на улица: „Мирисаш на фалафел”

by Тони Зографски

Миа Калифа, поранешна порно ѕвезда која го поддржува Хамас, објави видео на социјалните мрежи од вербална пресметка со жена на улица во Мајами.

На видеото се гледа Калифа и жена во бел комбинезон како ги повторуваат зборовите „Am Yisrael Chai“, што значи „народот на Израел живее“ на хебрејски – фраза што се користи за да се покаже солидарност со еврејскиот народ. Инфлуенсерката и порно ѕвезда со либанско потекло Калифа го исмеа семејството и ги праша дали го чекаат автобусот.

„Чекам слуги“, рече Калифа.

Кога жената се приближила до камерата што ја вклучила Калифа и ги повторила зборовите „Am Yisrael Chai“, Калифа ја навредил.

„Бегај од мене, устата ти смрди. Мирисаш на фалафел“, рече таа.

останати вести