Мелинда има лице на ангел, а кога ќе го видат долниот дел од фотографијата – ставовите се контрадикторни (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Мелинда Линдмарк (28) од Шведска е прославена шведска фитнес икона и модел. Како што вели, почнала да тренира уште како тинејџерка, а нејзиниот труд ја довел до тоа денес нејзините совети да ги следат повеќе од милион луѓе.

Таа ја дели својата експертиза како тренер и ги поттикнува и другите да водат здрав и активен начин на живот. Мелинда секојдневно објавува видеа од тоа што јаде и како изгледаат нејзините тренинзи, а нејзините мускулести раце и извајано тело ви кажуваат дека оваа девојка и те како знае што прави.

Додека жените ја бодрат и бараат нејзини совети доведување на нивното тело до совршенство, мажите ѝ оставаат навредливи коментари.

Тие велат дека Мелинда има прекрасно лице, но нејзиното тело не е воопшто привлечно.

„Те молам, не позирај во долна облека, тоа е ужасно“, „Девојко, зошто сакаш да излгедаш како машко?“, „Толку си убава, но ова е застрашувачки, воопшто не си нежна“, биле само дел од коментарите кои момците ги оставале под нејзините фотографии.

Меѓутоа, се чини дека на Мелинда не ѝ е грижа што ќе кажат мажите и продолжува редовно да вежба и да го покажува своето извајано тело и силни мускули.

„Не ми е гајле што велат мажите кои можат само да сонуваат за моите мускули. Комплексите не се лекуваат под моите фотографии“, порачала таа.

останати вести