Манекенка има само 40 килограми, фановите често викаат полиција поради нејзиниот изглед (ФОТО)

by Тони Зографски

Манекенката Евгенија Куни стана позната по својот вознемирувачки изглед.

Имено, оваа млада манекенка секојдневно објавува видеа во кои зборува за убавината и модата, што е стандардно за инфлуенсерка, но нејзиниот изглед е она што ги загрижува нејзините следбеници.

Куни е висока 170 см и тешка 40 килограми. Токму поради ова, полицијата добива многу пријави од загрижени обожаватели, кои тврдат дека ѝ го сакаат само најдоброто.

Сепак, таа никогаш не потврдила дека има некакви здравствени проблеми, туку постојано истакнува дека „едноставно така изгледа“.

Сепак, има и такви кои веруваат дека нејзиниот изглед може да стане опасен за другите, доколку стане нов тренд.

останати вести