Маж од публика ѝ фрли гаќи на Северина: Таа ги собра, ги помириса и ги стави во џеб (ФОТО)

by Тони Зографски

Северина очигледно е подготвена на се. Таа за време на настап во Хрватска на кој присуствуваа неколку илјади посетители, кои заедно со неа ги пееја нејзините најголеми хитови, направи хаос и ја остави публиката во шок.

Фото: Instagram/ Severina

На едно од видеата кои пејачката ги објави на својот Инстаграм профил, забележан е моментот кога млад дечо фрла парче долна облека, кое паѓа пред неа на сцената.

Фото: Instagram/ Severina

Северина ја изненади публиката со својата реакција, па откако ги зеде гаќите, ги помириса, ги стави во џеб и продолжи да пее.

Фото: Instagram/ Severina

Овој гест беше проследен со громогласен аплауз и смеа од страна на присутните, а Северина уште еднаш успеа да го привлече вниманието на јавноста.

останати вести