МАДОНА БИЛА ЛУДО ВЉУБЕНА ВО АНТОНИО БАНДЕРАС: Го „прогонувала“ две години, а имала и совршен план како да го заведе (ФОТО)

by Тони Зографски

Во раните 1990-ти, пејачката Мадона и актерот Антонио Бандерас биле олицетворение на потенцијален моќен холивудски пар.

Тие двајца заедно го снимале култниот филм „Евита“ во 1996 година, по што често биле фотографирани заедно на настани на црвениот тепих, како и на одмори. Се ширеле и гласини дека тие двајца биле повеќе од пријатели.

Image

Сепак, интересна приказна е поврзана со нивниот однос. Во времето кога Бандерас и Мадона го снимале мјузиклот „Евита“, актерот бил во брак со Мелани Грифит, а Мадона, како што кажала, била лудо вљубена во актерот и воопшто не го криела тоа.

Љубовен триаголник

Неколку години претходно, таа изјавила дека била воодушевена од Бандерас, па започнале и приказни за љубовен триаглник меѓу Мелани, Антонио и Мадона.

Самата Грифит, потврдила дека имало тензии, а Мадона дури ѝ „забранила“ да доаѓа на снимањето на „Евита“. Сакала Антонио секогаш да ѝ биде „на располагање“. Во документарецот за нејзиниот живот, Мадона отворено проговорила за силната привлечност која ја чувствувала кон славниот актер. „Бев вљубена во него две години. Го гледав секој негов филм. Тој е еден од ретките актери кои копнеев да ги запознаам … Умирав од желба да го сретнам“, изјавила таа.

sa suprugom Melani Grifit

Кога конечно се сретнале, тоа било на забава организирана од Педро Алмодовар. „Цела недела се подготвував да одам на таа забава. Веќе осмислив сè во мојата глава, и тоа како ќе го натерам да се заљуби лудо во мене. Не зедов предвид само една „пречка“ – неговата сопруга“, додала поп иконата.

Image

Во тоа време, Антонио бил во брак со Ана Леза. Тие се развеле во 1996 година, но актерот набрзо се оженил со Мелани Грифит. „Почна да го снима филмот „Евита“ и јас отидов со него“, изјавила Грифит во едно интервју. „Медиумите тоа го претставија како да ќе одам за да го контролирам, а не беше така. Но, Мадона беше навистина вљубена во него, а мене ми забранија да присуствувам на снимањата“, потврдила Мелани, која во тоа време била бремена.

Melani Grifit

Да потсетиме, таа била во брак со Антонио Бандерас цели 20 години.

останати вести