Лепа Лукиќ во Белград го одржа последниот концерт во нејзината кариера

by Тони Зографски

Лепа Лукиќ вчера во Белград, после пауза од шест години одржа концерт.

Овој, како што најави бил и последниот нејзин солистички концерт во кариерата, но таа и понатаму ќе продолжи да се занимава со музика.

Овој единствен потфат на познатата пејачка со наслов „Лепини путичи“, го поддржа оркестарот на Миша Мијатовиќ, како и неколкумината гости на концертот.

Тоа биле: Зорица Брунцлик, Ана Бекута, Иван Милинковиќ, Милан Топаловиќ, Снежана Ѓуришиќ, Цакана, но и младата пејачка Милица Миловановиќ.

Концертот бил доста емотивен, а за тоа сведочеле и лицата на луѓето во публиката, како и солзите на Лепа Лукиќ, со оглед на тоа дека на некој начин се збогувала со публиката…

останати вести