Легендарниот Дел Бој се огласил по операцијата на колкот и открил како се чувствува: Во свој стил ги насмеал сите (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Славниот британски актер Дејвид Џејсон, најпознат по улогата на Дел Бој Тротер во хит-серијата „Only Fools аnd Horses“, за првпат се огласил на социјалните мрежи откако бил опериран на колкот и тоа го направил во својот препознатлив стил.

На „X“ тој објавил видео во кое ги фрла патериците и покажува дека е во топ форма со музиката од филмот „Роки“ во заднина.

„Шампион“, „Легенда“ и „Браво, секоја чест“, се само дел од пораките кои му ги упатиле неговите фанови.

За потсетување, на актерот во август му бил вграден бионички колк, а поради операцијата била одложена конвенцијата „Only Fools аnd Horses“, посветена на култната серија.

Џејсон тогаш им се извинил на фановите и соопштил дека мора да се оперира, но не открил за каква операција станува збор.

Конвенцијата ќе се одржи во јануари следната година.

останати вести