ЛАЈОНЕЛ РИЧИ ЈА ОМАЖИ ПОМАЛАТА ЌЕРКА: Сменила три венчаници на „Шанел“, а свадбата ја направиле во луксузен француски хотел (ФОТО)

by Тони Зографски

Ќерката на музичката легенда Лајонел Ричи, Софија Ричи стапи во брак со својот партнер Елиот Грејџ на свадбена церемонија во луксузниот француски хотел „du Cap-Eden-Roc“.

Убавата 24-годишна манекенка била облечена во елегантен бел фустан со мониста, кој бил еден од трите фустани на „Шанел“ кои таа ги облекла за време на викендот. Младоженецот (30), кој е музички продуцент, пристигнал во црн смокинг и машна.

Софија и Елиот го изнајмија хотелот на една недела, а според странските медиуми, само за сместување платиле над милион долари.

Невестата за церемонијата носеше фустан од „Шанел“.

За време на свадбениот викенд, невестата сменила дури три рачно изработени фустани Шанел – освен венчаницата, имала и краток фустан за афтер-парти и поекстравагантен фустан за дочекот, ден пред свадбата. Целиот настан беше покриен од Vogue, а фактот дека непосредно пред венчавката невестата отворила профил на „Тик-ток“ каде ги споделила подготовките за венчавката, открива дека се било внимателно испланирано за сите погледи да бидат вперени во нив.

Софија пред венчавката ја прифатила еврејската религија за Елиот, а церемонијата ја извршил рабин. Листата на гости вклучувала милионери и милијардери и многу познати имиња од светот на шоу-бизот. Покрај постарата сестра на Софија, некогашната многу популарна Никол Ричи, таму беа и Парис Хилтон и Камерон Дијаз.

На свадбата биле присутни и бројни инфлуенсери и тиктокери, поради што на социјалните мрежи можеше сè да се следи, што е вистинска реткост за вакви ексклузивни свадби.

останати вести