Кристина Агилера за 3 месеци ослабнала 22 килограми со помош на оваа диета (ФОТО)

by Тони Зографски

Кристина Агилера ја запознавме како многу слаба девојка која низ годините поминуваше низ многу трансформации во изгледот.

Нејзините килограми значително се промениле кога забременила. Тогаш имала 27 години и се здебелила цели 15 килограми. По породувањето, Кристина била на ригорозни диети и вежбала за повторно да се врати во форма.

Но, по разводот во 2012 година таа повторно ја вратила телесната тежина и низ годините навикнавме да ја гледаме со вишок килограми.

Пејачката сега ги изненадила сите со 22 килограми помалку кои успеала да ги изгуби за само 3 месеци. Таа открила дека се придржувала до ригорозна диета која подразбира внесување на 1.600 калории дневно.

Диетата која ја практикувала Кристина се вика „виножито диета“ која подразбира консумирање намирници, овошје и зеленчук кои имаат иста боја.

 

Бел ден – се состои од сите намирници со бела боја. За да се ограничи внесувањето на јаглехидратите, се консумираат белки од јајца, кокос, млечни производи, лук, кромид итн.

Црвен ден – овој ден е наменет за намирници како што се малини, црно грозје, домат, грав, цвекло, немасно црвено месо, црвена пиперка итн.

Зелен ден – овој ден се состои од киви, краставици, спанаќ, зелена салата, брокула итн.

Портокалов ден – се состои од тиква, портокал, папаја, кајсии, праски итн.

Виолетов ден – намирници како модар патлиџан, капини, виолетова зелка итн.

Жолт ден – тиквички, жолта пиперка, пченка, кашкавал, жолчки, мед итн.

Сепак, покрај режимот, Кристина практикува и тренинг. Нејзиниот личен тренер осмислил план за вежбање кој пејачката ја довел до форма:

– 15 минути трчање на лента;
– 10 минути елиптични вежби;
– 3 сета вежби за гради;
– 3 сета трицепс;
– 3 сета бицепс;
– 3 сета нозе;
– 3 сета бочно вежбање;
– 3 сета стомачни.

останати вести