Кој е згодниот телохранител на поп-дивата Бијонсе кој ги освои срцата на жените ширум светот? (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Додека Бијонсе доминира со светската турнеја која долго време ја најавуваше, жените во последните неколку дена зборуваат за човекот кој ѝ го чува грбот.

Станува збор за телохранител кој привлече големо внимание на нејзините настапи, а сè што правел е – стоел и набљудувал дали сè е во најдобар ред. Тој стана вирален кога на Твитер се појави видео од неговата реакција во текот на изведбата на песната „Energy“.

https://twitter.com/i/status/1688593680595140626

На снимката се гледа како публиката одеднаш замолчува кога пејачката ги испеала стиховите: „Look around/Everybody on mute“, а телохранителот се насмевнал. Токму таа насмевка воодушеви бројни жени на кои не им требало долго за да го пронајдат на социјалните мрежи. Станува збор за Џејмс Плаза, професионален спортист и бодибилдер.

Џејмс на Инстаграм редовно објавува фотографии од своето извајано тело, а со оглед на тоа што преку ноќ добил 4 пати повеќе следбеници, тој одлучил да го заклучи својот профил.

„Би сакал да се натпреварувам оваа година, но тоа што бев без работа поголемиот дел од годината значи дека оваа градба ќе мора да почека засега“, напишал тој на Инстаграм само неколку дена пред почетокот на турнејата на Бијонсе.

Сега, кога неговиот Инстаграм профил „исплива“ во јавноста, многу негови фотографии кружат на социјалните мрежи. Според поединечни извори, Џејмс има 43 години.

 

останати вести