756
Кејт Бекинсејл важи за една од најатрактивните жени меѓу актерската елита на Холивуд. Нејзиното лице, тело, став и талент се она што ја прави „комплетниот пакет“.
Секогаш атрактивна, но никогаш премногу провокативно облечена, овој пат таа целосно изненади со својот изглед.

На роденденот на Леонардо ди Каприо, таа пристигна облечена во фустан со дијаманти, а околу половината носеше ремен во форма на грандиозен сафир – алудирајќи на ѓерданот што го носеше хероината на Титаник – Роуз.



