Кетрин Зета-Џонс покажа како изгледале таа и Мајкл Даглас кога првпат се сретнале (ФОТО)

by Тони Зографски

Познатиот холивудски пар Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас ја прославија 23-годишнината од бракот.

Познатата актерка со своите следбеници на Инстаграм сподели неколку фотографии од нивната венчавка, како и некои важни моменти од нивниот заеднички живот.

Зета-Џонс покажа како изгледале на нивната венчавка во хотелот Плаза во Њујорк во 2000 година. Нивната венчавка и денес важи за една од најлуксузните и се проценува дека чинела помеѓу 1,5 и 2 милиони долари. Уште тогаш Даглас изјавил дека неговата сопруга ќе добие што сака, а меѓу другите желби била и венчаницата на Кристијан Лакроа обложена со сатен и украсена со рачно шиени дијаманти.
Убавата актерка за првпат објави фотографија од првата средба меѓу неа и нејзиниот сопруг.

Двојката првпат се запознала на филмскиот фестивал во Довил во Франција во 1996 година, а биле запознаени од заедничките пријатели Антонио Бандерас и Мелани Грифит, кои во тоа време беа пар. Даглас таа вечер веќе и кажал на актерката дека ќе биде татко на нејзините деца, но тоа тогаш не и се допаднало.

Сепак, Даглас бил упорен и парот се венчал четири години подоцна. Зета-Џонс го роди нивното прво дете, момчето по име Дилан, три месеци пред венчавката. Три години подоцна, парот ја доби ќерката Керис. Актерот од претходниот брак го има и синот Камерон.

останати вести