Катарина Ивановска го покажа новото момче: Заљубени ја шетаат Италија (ФОТО)

by Тони Зографски

Нашата позната манекенка Катарина Ивановска иако е актуелна со своите достигнувања во кариерата, во центарот на вниманието секогаш е поради нејзиниот љубовен живот.

Имено, Катарина по врската со партнерот Цобе со кој ги има двете деца Вања и Кира, беше во врска со нашиот поранешен кошаркар Перо Антиќ. Сепак и таа љубовна врска заврши, а сега преку социјалните мрежи Катарина се пофали со новиот дечко, Стефан Ханџиски.

Фото: Instagram / ivanovska_katarina

Дека уживаат во љубовта парот откри преку неколку заеднички фотографии од празничното патување во Италија каде беа заедно со децата на манекенката.

Фото: Instagram / ivanovska_katarina
„Пролетен одмор“, напиша Катарина покрај фотографиите, меѓу кои и една на која Стефан ја бакнува.

останати вести