Инвазија од пчели го прекина мечот меѓу Алкараз и Зверев (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Рој пчели го прекинаа четвртфиналето меѓу Карлос Алкарас и Александер Зверев на Индијан Велс Опен. Главниот судија беше приморан да ја запре играта кога резултатот беше 1:1. Присутните мораа да го напуштат теренот, а организаторот побара професионална помош.

Мечот беше во прекин скоро два часа. По интервенцијата на американски експерт за инсекти, играта продолжи, а Алкарас се пласираше во полуфиналето.

 

останати вести