Жизел Бундшен се расплака кога ја прашаа за разводот со Том Брејди (ФОТО)

by Тони Зографски

Жизел Бундшен не крие дека тешко го поднела разводот од Том Брејди.

43-годишната манекенка се расплака пред камерите за време на интервју кога беше запрашана за разделбата од 46-годишниот играч на американски фудбал.

„Срцепарателно е да поминеш низ тоа“ – рече Жизел, опишувајќи го разводот како „смрт на еден сон“.

„Дефинитивно ова е период на транзиција. Не мислам дека го посакуваш ова, но понекогаш во животот работите се случуваат. Ова е нова сезона во мојот живот. Благодарна сум за секоја научена лекција“ – рече Бундшен.

„Сè што поминав ми помогна да сфатам што сакам, а што не сакам. Ја живеам мојата вистина и не се извинувам поради тоа“ – додаде таа.

Убавата Бразилка се раздели од легендарниот НФЛ играч во октомври 2022 година. И двајцата изјавија дека разделбата била тешка и болна и дека сега се фокусирани на двете деца, 14-годишниот Бенџамин и 11-годишната Вивиен.

останати вести