„Очајната домаќинка“ Ева Лонгорија воодушево со својот стајлинг на роденденската забава на легендарниот акнглиски фудбалер Дејвид Бекам.
Славниот фудбалер Дејвид Бекам наполни 50 години, а по тој повод неговата сопруга Викторија јавно на социјалните мрежи ја објави својата честитка.
Сега парот организираше раскошна прослава во чест на Дејвид, во Лондон, каде се собраа бројни големи ѕвезди, а една од нив беше неразделната пријателка на Викторија, мегапопуларната актерка Ева Лонгорија.
Бекамови за кратко време престанаа да бидат во центарот на вниманието кога се појави заносната актерка, позната по улогата во серијата „Очајни домаќинки“.
Ева уште еднаш го покажа сиот свој луксуз и елеганција, овој пат во необичен син фустан со V-деколте и без чипка.
Модното издание го заокружи со црни сандали кои едвај се гледаа под фустанот, додека на раката носеше црна јакна.
Друштво и правеше сопругот Хозе Бастон, кој за оваа пригода избра класичен црн костум со кој никогаш не можете да погрешите.