Никола Шалевски д-р. вет. мед.
Ветеринарна Амбуланта Прима Вет Медика – Скопје
Што се алергии?
Алергија е состојба на прекумерна реактивност или хиперсензитивност на имунолошкиот систем на одредена супстанца наречена алерген. Повеќето алергени се протеини од растенија, инсекти, животни или храна. Обично рганизмот се изложува на алергенот повеќекратно во период од неколку месеци па дури и години, го сензибилизира имунолошкиот систем, па подоцнежна изложеност на ист или сличен алерген предизвикува прекумерна реакција. Нормално имунитетот го штити кучето од инфекција и болест, но кај алергиите, имунолошкиот одговор всушност е штетен за телото. Всушност алергиите се сметаат за непотребен нормален имунолошки одговор на бенигна, туѓа супстанција.
Кои се симптомите на алергии кај домашните миленици?
Најчест симптом поврзан со алергии е чешање на кожата локализирано во една област или генерализирано низ целото тело. Во некои случаи, симптомите го вклучуваат респираторниот систем, со кашлање, кивање и / или отежнато дишење. Понекогаш може да се јави исцедок од очите или носот. Во други случаи, алергиските симптоми влијаат на дигестивниот систем што резултира со повраќање и дијареа.
Кои се најчестите супстанции што предизвикуваат алергија (алергени)?
Многу голем број на супстанции можат да дејствуваат како алергени. Повеќето се протеини кои потекнуваат од инсекти, со растително или животинско потекло, но исто така мали хемиски молекули познати како хапитени може да предизвикаат алергија. На пример нај вообичаени алергени се полен, спори на мувла, шугавцо, кожни клетки (слични на “алергиите на домашни миленичици” кај луѓето), протеини од инсекти, како плунката на болвите, некои лекови итн.
Алергии од инсекти и како се третираат
Алергетска реакција при убод од инсект предизвикува многу јак воспалителен одговор. Арахидниците, како што се пајаците и крлежите, како и инсекти, вклучувајќи болви, крлежи, коњски муви, комарци, мравки, пчели, стршени и оси, може да предизвика алергиска реакција кај чувствителни домашни милениви. Саливата на болвите е еден од најчестите алергени од инсекти кој кај домашните што предизвикуваат алергиски дерматитис. Повеќето кучиња инфестирани со болви имаат ситни локални иритации од касањето. Миленикот при алергетскиот дерматитис ќе реагира при само едно каснувасе со јак локален сфраб резултирајкои со гризење и чешање може да оштети голем дел од крзното, особено во регионот на опашката. При што може да се развие секундарна бактериска инфекција во областите на оштетената кожа. Затоа е неопходна заштита на милениците од надворешни паразити 12 месеци во годината.
Инхалаторна алергија или Атопична алергија
Терминот “инхалаторна алергија” кај милениците често се користи како синоним за Атопија. Главни инхалациски алергени се поленот, тревата, мувла и домашната прашина. Многу од овие алергии се случуваат сезонски, како што се травата и поленот. Кога луѓето ги вдишуваат овие алергени, алергијата која произлегува првенствено се манифестира со иритација на горните респираторни патишта: течење на очите, течење на носот и кивање (“поленска треска”). Иако понекогаш симптомите на алергии може вклучат алергиски ринитис или бронхитис, кај повеќето миленици инхалаторни алергии се манифестираат со чешање на кожата (пруритус). Поради овие клинички знаци, состојбата исто така се нарекува Инхалаторски алергиски дерматитис или Атопичен дерматитис. Кучето го трие лицето, се ги лиже нозете и да ги чеша аксилите (пазувите). Повеќето кучиња кои имаат атопичен дерматит, почнуваат да покажуваат знаци меѓу една и три години.
“Симптомите на атопилен дерматит може да се контролираат, но целосно лекување не е можно”.
Што е Алергија на храна и како се третира?
Хиперсензитивност на храната може да се развие од речиси сите протеински или јагленихидратни компоненти на храната. Најчесто се јавува како реакција на протеини од храна од одредено потекло на храна; млечни производи, говедско месо, пченица, глутен, пилешко, пилешко јајца, јагнешко месо и соја се најчесто поврзани со алергии на храна кај кучињата. Алергија на храна може да се развие речиси на секоја возраст. Алергијата на храна може да предизвика било која од клиничките знаци што претходно биле дискутирани, вклучувајќи чешање, дигестивни нарушувања и респираторен потешкотии. Кучето може да има повеќе видови на алергии, како што се алергија на храна и атопичен дематит, што ја прави точната дијагноза на чешање на кучето доста проблематична. Алергијата на храна обично не реагира добро на третманот со кортикостероиди или други медицински третмани. Третманот бара идентификување на остетливите компоненти на храната и нивно елиминирање. Најпрецизниот начин на тестирање за алергии на храна е со исхрана со елиминација и со употреба на хипоалергична исхрана. Бидејќи е потребно најмалку осум недели за да бидат елиминирани сите други прехранбени производи од телото, кучето мора да ја јаде специјалната исхрана исклучиво осум до дванаесет недели. Ако се појави позитивен одговор и подобрување на клиничките знаци на вашето домашно милениче, вашиот ветеринар ќе ве советува како да продолжите.
Контактна алергија
Контакт алергија произлегува од директен контакт со алергени, како што се пиретрини кои се навоѓаат во каишките за ектопаразити, пестициди кои се користат на тревникот, треви, материјали како што се волна или синтетика од теписи или постелнина итн. Контакт алергии може да се развие до практично било што и во било која возраст. Се иритација на кожата и чешање на контактните места.Ако кучето е алергично на било која од овие супстанции, ќе има иритација на кожата и чешање на точките на контакт, обично стопалата и стомакот. Отстранувањето на алергенот (штом може да се идентификува) често го решава проблемот. Симптомите на алергии
може да се помешаат со други нарушувања или да се појават истовремено со нив. Затоа, не се обидувајте да го дијагностицирате вашето куче без ветеринарна стручна помош. Доколку ги приметите горенаведените симптоми кај вашиот миленик контактирајте го на вашиот ветериниар или за совет може да се обратите на Фацебоок страната на Прима Вет Медика: хттпс://њњњ.фацебоок.цом/Ветеринарна-Амбуланта-ПримаВет-Медика-1601682120147128/