Еден човек го нападнал обезбедувањето, а сѐ излегло од контрола кога познатиот актер Том Сандовал интервенирал за да спречи понатамошен конфликт.

Снимката од овој инцидент продолжува да се споделува на социјалните мрежи, а идентитетот на човекот кој ја започнал тепачката се уште не е познат. На видеото се гледа како непознат маж фрла вода врз обезбедувањето, а потоа зема стол со кој очигледно имал намера да ги удри.

-Седевме на масата и одеднаш дојде еден дечко кој зграпчи вазна со цвеќиња и ја фрли кон обезбедувањето – пишувало под објавата на која е прикажан инцидентот, пишува ТМЗ.