Драма во Австралија: Бега од полиција и падна од петти кат директно во базен (ВИДЕО)

by Тони Зографски

На интернет кружи шокантна снимка од Австралија на која неименуван маж се обидел да избега од полицијата.

Најпрво седнал на оградата на тераса, а кога му пришло обезбедувањето, прескокнал. Не можејќи да се врати назад, паднал од петти кат.

Запрепастените сведоци изјавиле дека мажот излегол од базенот и истрчал низ блиската градина, пренесува The Sun.

Полицијата смета дека тој бил под дејство на недозволени супстанци и веднаш организирале претрес. Подоцна попладнето бил фатен.

Се испоставило дека тој побегнал во станот на неговите родители во Палм Бич. Засега не се знае зошто полицијата трагала по него, а истрагата е во тек.

Чудо е што не е сериозно повреден по падот, без разлика што „слета“ во базенот.

останати вести