Диџејка се повреди од „топот“ за конфети и се здоби со изгореници од прв степен (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Флавија Рибеиро, позната како диџеј Флавиња, се здобила со изгореници од прв степен и исекотини на лицето по фијаското со топот за конфети на концертот во Санта Катарина, Бразил, во саботата, пишува „Дејли мејл“.

И покрај силната болка, бестрашната диџејка се вратила на сцената и го продолжила сетот уште 20 минути по несреќата, пред на крајот да поита во болница откако „не можела повеќе да ја поднесе болката“.

Виралниот клип од повредата е прегледан од 10 милиони луѓе откако се појави на интернет по катастрофалниот настап.

На снимката од експлозијата се гледа како диџејката Флавиња најпрво го вади топот за конфети, сакајќи да ја „вжешти“ атмосферата меѓу насобраната публика, несвесна дека нејзините лудории наскоро ќе ѝ се одбијат од глава (буквално).

Додека нејзиниот музички сет свири во позадина, Рибиеро го крева топот за да го разнесе над толпата, навидум не знаејќи дека го држи на погрешен начин.

The DJ spoke to her fans after the accident, where she revealed that she carried on her set until she 'couldn't take any more pain'

Откако болно го пука апаратот на гас во своето лице, се гледа дека Рибиеро набрзина бега од шокираната толпа кон задниот дел на бината.

По настапот Флавиња се осврна на инцидентот во видео до нејзините 33.000 следбеници на Инстаграм.

Диџејката во видеото носи завои на вратот и има неколку исеченици на лицето.

„Моето видео се врти насекаде. Се случи несреќа“, вели таа.

Диџејката вели дека го свирела својот сет додека „не можела да издржи повеќе болка“.

Флавиња додала дека сега се опоравува и дека сѐ е во ред.

DJ Flavinha, real-name Flavia Ribiero, addressed the embarrassing misfire on Instagram, telling her fans she is 'recovering and it's all right'

останати вести