ГАЈЛЕ И Е: Познатата актерка има 100 килограми и носи минијатурно бикини (ФОТО)

by Тони Зографски

Познатата актерка Барби Фереира, која публиката најмногу ја сакаше преку популарната серија „Еуфорија“, се одмора од обврските и моментално се одмара во сончевото Рио со своите пријателки. Очекувано, папараците внимателно ја следеле, а откако нејзините фотографии ги преплавија мрежите, коментарите беа поделени.

Barbie Ferreira em praia no Rio de Janeiro

Од една страна имало коментари кои ја поздравиле нејзината храброст поради изборот на костим за капење, но од друга страна имало и такви кои сметале дека актерката требала да се „покрие“, со оглед на тоа што мислеле дека не треба да облече таков костим за капење.

Сепак, актерката никогаш не реагирала на лошите коментари, но во исто време не ѝ се допаднало тоа што луѓето ја величале поради тоа што носи нешто кое не би требала да го носи.

„Не е радикално од мене да носам кроп-топ“, изјавила таа во една прилика.

„Ваквите коментари се само комплименти. Ова го правам од мојата 16-та година. Имам 25 години“, додала таа.

Имено, Фереира една година пред „Еуфорија“ била модел, а прифаќањето на поголемите тела за жал било на кратко.

„Мислам дека поголемите тела повеќе не се во тренд како што беа, што ми е навистина тажно. Но, тоа е повеќе разговор за тоа дека сите се бориме со љубовта кон себе, но мислам дека младите тоа веќе го сфатија“, изјавила таа.

Barbie Ferreira em praia no Rio de Janeiro

Актерката истакнува дека ова го забележала токму така што луѓето ја величале кога носела облека која главно ја носат послабите луѓе, убедени дека така го поддржуваат „bodypositivity“ движењето.

Barbie Ferreira em praia no Rio de Janeiro

Фереира исто така открила дека нејзин поголем притисок е да го сака своето тело со тие големини.

„Толку е смешно што тоа луѓето само си го претпоставуваат“, изјавила таа

останати вести