Бредли Купер и Ирина Шајк со нивната ќеркичка Леа во Венеција (ФОТО)

by Тони Зографски

И покрај тоа што ставија крај на врската пред четири години, Ирина Шајк и Бредли Купер продолжија да негуваат близок однос за доброто на нивната ќеркичка Леа.

37-годишниот модел и 48-годишниот актер изминатиов викенд уживаа на брод додека ја разгледуваа Венеција заедно со 6-годишното девојче. Поранешните партнери се смееја и изгледаа пријателски расположени.

Американскиот актер во Венеција пристигнал за премиерата на својот нов фил „Маестро“, а нема сомнеж дека покрај него на црвениот тепих ќе ја видиме и Ирина Шајк.

Бредли ѝ помагаше на Ирина безбедно да се качи на бродот, бидејќи носеше високи потпетици.

останати вести