БЛЕСНА ВО САРАЕВО: Ана Стојановска со голо стомаче на црвениот тепих на филмскиот фестивал (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Македонската актерка Ана Стојановска се појави на Сараевскиот филмски фестивал во креација со која ги маѓепса сите. Извонреден прием со преполно гледалиште, многу смеа и апалаузи имаше синоќа „Кајмак“ на Милчо Манчевски.

Стојановска во спектакуларно издание освои со настапот на црвениот килим каде се појави со дел од екипата на филмот режисерот Манчевски, колегата Филип Трајковиќ и продуцентот Јане Ќортошев. Таа се одлучи за креација која го покажа нејзиниот стомак, едноставна шминка и собрана коса. Изгледот го комплетираше со дискретен накит.

Медиумите во регионот пишуваат за неа: Ана Стојановска блесна на црвениот тепих во Сараево (ФОТО)

„Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија минатата година.

 

останати вести