Бик направи хаос на железничка во САД – доцнат возови, патниците преплашени (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Патниците од Њу Џерси доцнеле на работа во четвртокот наутро, а да немало видеа и фотографии, тешко дека некој би поверувал во објаснувањето за тоа што се случило.

Имено, на сред пруга пронајден бил избеган бик! Запрепастените луѓе гледале како животното излегува од контрола, предизвикувајќи 45-минутен прекин на сообраќајот.

Урнебесната приказна се случила на станицата Њуарк Пен, а се верува дека бикот избегал од локација во близина на меѓународниот аеродром.

Корисниците на социјалните мрежи на шега ја коментираа причината за доцнењето на возот, при што еден напиша: „Ова може да се случи само во Њу Џерси“, пишува „Дејли мејл“.

Животното се обидело да бега назад кон аеродромот, но било фатено од полицајци и работници од пристанишната управа. Го успале со специјална стрела и го вратиле на безбедно место.

останати вести