Лара Флин Бојл беше ѕвезда на серијата „Твин Пикс“ во раните 1990-ти. После тоа таа се повлече од јавноста, а многумина сметаат дека тоа е затоа што нема самодоверба по бројните пластични операции.
„Се плашам дека ми истекува времето. Нема толку многу филмски улоги за постарите жени. Воопшто не се радувам на стареењето”, изјавила таа во 2014. година во интервју за Daily Mail.
Хирургот Пол С. Насиф во емисијата „Botched“ навел дека оваа глумица го оперирала носот, ги зголемила усните, вбризгала ботокс, ставила филери и го затегнала лицето.
„Таа дефинитивно треба да престане да оди под нож. Мислам дека особено претерала со филерите во усните и образите”, додал тој.
„Жал ми е што толку талентирана актерка стана зависна од операции и си дозволи да се откаже од одличната кариера поради незадоволството од нејзиниот изглед“, напишала една корисничка на Твитер.
„Никогаш не би рекла дека таа е на фотографијата“, додала друга.