Џорџ и Амал Клуни своето слободно време сакаат да го поминуваат во Италија на езерото Комо каде поседуваат раскошна вила во која угостиле бројни познати лица.
Луксузната вила Олеандра во нивна сопственост е вредна над 100 милиони долари. Оваа градба датира уште од 18-ти век, а кога актерот ја купил во 2002 година нејзината цена била 7 милиони долари.
Вилата поседува 25 спални соби, тениски терен, уредена градина, базен, теретана, театар. Всушност, оваа италијанска вила е и местото каде се запознале Џорџ и Амал.
Раскошниот ентериер, но и екстериер, ја прават оваа вила да биде навистина прекрасна, за оној којшто ќе ја погледне да остане без здив. Познато е дека славниот Клуни таму го угостил и Барак Обама и неговата сопруга, принцот Хари, Меган Маркл, Џенифер Анистон и Мет Дејмон.
Покрај пријателите и високите државни функционери, оваа куќа била мета на крадци, па така една година бил уапсен романски државјанин којшто прво провалил во подрумот, а потоа се обидел да влезе од главниот влез на вилата.