Мелани Грифит уште во деведесеттите важеше за една од најубавите жени во Холивуд, а својата професионална кариера како актерка ја започнала на 12. години.
Зад себе има педесетина филмови, бројни номинации за Оскар, а во 1988. година ја доби наградата за најдобра актерка во филмот „Working girl“.
Покрај кариерата и големиот број маестрално одиграни улоги, Мелани Грифит го привлече вниманието на јавноста и со својот љубовен живот. Зад себе имаше четири сериозни врски, но и четири разводи.
Нејзината прва љубов беше Дон Џонсон, со кој се омажи. Сепак, бракот не траел и по шест месеци се развеле. Шест години подоцна се омажила за Стивен Баер, со кого го добила своето прво дете, синот Александар. Иако многумина мислеле дека Мелани конечно се смирила – грешеле. Само пет години подоцна следувал разводот од Баер.
По вториот развод, поранешната холивудска убавица паѓа во тешка депресија. Почнала да консумира алкохол и силни опијати. Три пати отишла на рехабилитација, а како што еднаш зборуваше за странските медиуми, вистинско чудо е што останала жива.
„Никогаш не сум користела хероин, па мислев дека сум подобра од другите. Но, имаше многу алкохол и кокаин. Огромни количини. Мислев дека само добро се забавувам”.
Бројните рехабилитации и помогнаа да застане на нозе. Поминало некое време, а потоа се вратила кај својот прв сопруг – Дон, за кого повторно се омажила во 1989 година. Нивниот втор брак го одбележа раѓањето на ќерката Дакота, која подоцна се прослави со улогата во филмот „Fifty Shades of Grey“.
И не и успеал обидот да се врати на првата љубов, па двајцата повторно се развеле. Конечниот распад се случи во 1995. година.
Само неколку месеци по раскинувањето, светот беше изненаден од веста дека Грифит започнал нова романса со шпанскиот актер Антонио Бандерас.
Иако многумина мислеа дека холивудската убавица конечно ја нашла среќата, тоа не се случи, бидејќи и овој брак се распадна во 2014. година. Медиумите тогаш пишуваа дека ова е еден од најскапите разводи, а станува збор за 50 милиони долари поради поделба на заедничкиот имот.
Денеска Мелани Грифит го живее својот живот во потполност, а медиумите неодамна ја фотографираа на премиерата на филмот „Halloween End“ во Лос Анџелес. Вниманието на јавноста го привлекоа само поранешните контури на нејзината широка насмевка што ја красеше во долгите деведесетти. Како што коментираат странските медиуми, бројните естетски корекции и тешкиот живот оставиле трага на нејзината кожа, а денес Мелани Грифит едвај мрда со устата.