Ричард Гир (73) и неговата сопруга Александра Силва (39) се венчале во 2018 година, а јавноста тогаш била изненадена од фактот што актерот од својата сопруга е постар дури 34 години.
Парот првпат се сретнал кога Александра била девојче, а Гир бил пријател на нејзиното семејство.
Нивните погледи повторно се сретнале во 2014 година во хотелот со којшто Александра управувала во Италија.
Интересен е фактот што актерот бил во брак со атрактивната манекенка Синди Крафорд, меѓутоа бракот не опстојал долго време. Тие биле заедно од 1991 до 1995 година.
Александра кажала дека актерот ѝ испратил цвеќе, а потоа прифатила да оди со него на љубовен состанок, како и дека редовно ѝ пишува писма.
Тоа што дополнително ги спојува е тоа што и двајцата биле во фаза на развод кога првпат се запознале. Александра има син од претходниот брак, како и Ричард.
„Љубовните приказни се комплицирани на почеток, во нив мора заедно да ги надминете тешките моменти, можат да ве зближат. Јас сигурно сум имала сомнеж во некој момент. На почеток беше поубеден од мене. Но, од самиот почеток се чувствувавме како да ни е судено да бидеме заедно“, раскажала Александра додека Гир еднаш изјавил дека на неговата среќа ѝ нема крај поради врската со Александра.
„Јас сум најсреќниот човек во универзумот. Како да не бидам? Венчан сум со прекрасна жена која е паметна, чувствителна, посветена да им помогне на луѓето, забавна, трпелива, која умее да прости, која е одлична готвачка и која ги прави најубавите салати на светот.
Александра медитира, таа е вегетаријанка, прекрасна мајка, има допир на ангел, а исто така е Шпанка, а тоа е земја на кралевите и кралиците… Не може да биде подобро од тоа“, изјавил актерот.
Александра Силва работи како публицист и голем борец за женските права, зад себе има еден брак и син, а со Ричард Гир има двајца синови.