Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со министерката за правда, Рената Дескоска објавија дека во владина постапка влегува Законот за прекршоци со кој се предвидуваат измени за намалување на висината на казните за правните и физички лица со што се воведува разумна казнена политика.
Премиерот Заев рече дека со новиот закон се реализира едно важно ветување дадено пред граѓаните за намалување на казнената политика и воведувањето на превенцијата пред казнувањето и пропроциналност накзните во однос на остварените приходи на деловните субјекти.
„Предвидуваме намалување на глобите за физичките лица за 75%. Со новото решение, минималната глоба за физичко лице е 15 евра, а максималната глоба ќе биде 250 евра, наместо досегашните 1000 евра. За правните лица, при одмерување на глобата ќе се води сметка за приходот остварен во претходната година, број на вработени и претходно санкционирање за исти или слични прекршоци. Во законот прват се прави градација помеѓу малите, средни и големи претпријатија“, соопшти премиерот Заев.
Министерката за правда, Рената Дескоска во своето обраќање потенцираше дека ова ново законско решение е во интерес на граѓаните и стопанствениците.