Скопје и Сараево најевтини, Белград во европскиот топ 5 по скапотија

by Тони Зографски

Најновото истражување на британскиот финансиски портал „Tradingpedia“ за 2026 година покажува дека македонската престолнина, заедно со Сараево и Подгорица, нуди убедливо најниски трошоци за домување, забава и јавен превоз за самци. Од друга страна, регионот и Европа се соочуваат со сериозна криза на пристапност – градови како Лисабон, но и соседна Тирана и Белград, станаа вистински „луксуз“, каде кириите и сметките изедуваат и до 90 проценти од просечната плата.

Скопје се рангира меѓу најевтините европски престолнини, со просечни месечни трошоци за едно лице кои во просек изнесуваат 702 евра. Домувањето во главниот град на Македонија е релативно достапно со просек од 416 евра месечно, додека трошоците за забава достигнуваат 146 евра месечно. Јавниот превоз е исто така меѓу најевтините во Европа, при што месечните билети чинат приближно 24 евра.

Белград е на петто место на листата на градови кои се најмалку прифатливи за самци во однос на трошоците за домување, според резултатите од истражувањето на британскиот финансиски портал Tradingpedia за 2026 година.

Пристапноста на домувањето останува една од најзабележителните поделби меѓу европските метрополи во 2026 година, заклучува ова истражување.

Лисабон е градот со најмалку прифатливо домување за изнајмувачи, бидејќи месечните трошоци за наместена гарсониера од 45 квадратни метри, вклучувајќи ги комуналните услуги и интернетот, изнесуваат во просек 1.226 евра, што е дури 91,3 проценти од просечната месечна плата во градот од 1.343 евра, според текстот на овој британски портал.

Во Варшава истиот стан заедно со комуналиите и основните покуќнина чини во просек 1.303 евра месечно или 68,2 отсто од просечниот локален приход.

Меѓу градовите со најмалку прифатливи станови е и Тирана, каде киријата и комуналиите чинат во просек по 504 евра месечно, што „јаде“ 66,3 отсто од просечната плата.

Рим и Белград се рангирани на четврто и петто место, при што трошоците за домување сочинуваат 62,6 отсто и 61,5 отсто од просечната плата, соодветно, оставајќи ги жителите со значително помал расположлив приход по плаќањето кирија и сметки.

Според основните месечни трошоци, Сараево е најевтиниот европски главен град во 2026 година, со просечни месечни трошоци за живот за едно лице од само 584 евра. Месечните трошоци за домување за лице што изнајмува опремена гарсоњера од 45 метри квадратни, вклучувајќи ги вообичаените сметки, интернет и основните покуќнина, во просек изнесуваат 337 евра, што е најниска сума меѓу сите европски метрополи.

Според истражувањето, Подгорица ја заокружува листата на најевтини европски метрополи со проценети месечни трошоци за живот од вкупно 760 евра. Главниот град на Црна Гора комбинира умерени трошоци за домување од околу 443 евра месечно со релативно прифатливи цени на храната, при што основната потрошувачка кошничка чини во просек околу 110 евра месечно. И покрај растот на цените низ Европа, Подгорица и понатаму останува еден од најевтините главни градови на континентот.

Извор: https://biznisinfo.mk/

останати вести