Необична сцена во Њујорк: Славната манекенка легна на пешачки премин во гламурозно издание (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Британската манекенка и актерка Кара Делевињ беше фотографирана како позира среде улица во Њујорк за време на фотосесија.

За фотосесијата, Делевињ носела тесен црн фустан со прерамки, прекриен со светки, со сребрен декоративен дел на градите, украсен со разнобојни кристали.

Манекенката со фустанот носела црни мрежести чорапи до колената и црни сандали со високи потпетици, украсени со зелен детаљ на токата. Долгата, права, платинесто руса коса со шишки го надополнила нејзиниот изглед, а таа позирала седејќи и лежејќи на пешачки премин.

останати вести