Аргентинските медиуми пред неколу минути објавија дека почина Диего Армандо Марадона.
Оваа вест ги шокираше сите фудбалски фанови.
Марадона е еден од најголемите фудбалери на сите времиња.
Според аргентинскиот весник „Кларин“, Марадона починал од инфаркт, утрово, на возраст од 60 години.
На почетокот од овој месец Марадона беше хоспитализиран во својата родна Аргентина. Некои шпекулираа дека се работи за мозочен удар, но подоцна таквите информации беа демантирани и беше објавено дека тој во болница е поради проблеми поврзани со алкохолот.
Марадона доминираше на Светското првенство во 1986 година, водејќи ја Аргентини до својата втора титула. Тој исто така се појави на турнирите во 1982, 1990 и 1994 година, иако беше суспендиран за време на САД ‘94, откако падна на тест за дрога.
Пред да ја преземе Гимнасија, Марадона беше тренер на екипата на Присимера Дивисион, Расинг, мексиканскиот Дорадос де Синалоа, пар клубови во Обединетите Арапски Емирати и репрезентацијата на Аргентина, кои ги однесе во четвртфиналето на СП 2010 во Јужна Африка.