Уапсен Илчо Ѓорѓиоски, поранешниот претседател на ФФМ

by Тони Зографски

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, денеска е приведен во рамки на истрага во која се опфатени уште 15 лица, пренесе Портал Икс од извори.

Според информациите, предмет на истрага се и три компании поврзани со случајот.При претрес кај Ѓорѓиоски, како што дознаваме, биле пронајдени пари во кеш. Повеќе детали за акцијата се очекуваат во текот на денот од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство

останати вести