Заради извонредните врвни спортски резултати и 20 годишна меѓународна афирмација на македонскиот спорт, Горан Пандев ќе биде прогласен за Олимписки Великан на МОК!
„Најдобрите македонски фудбалери изгинаа на теренот, го одиграа најдобриот натпревар во овие квалификации, токму кога беше најпотребно! Сите со срце поголемо од најголемата планина, мудро, умно и со големо знаење и неверојатна смиреност, одлучност, сигурност и самодовербасе изборија за свое место во историјата на македонскиот спорт! Честитки момци, само гордо напред и со победа да го започнеме Европското првенство! Најдобри сте!!!“ – истакна претседателот на МОК,Даниел Димевски по повод историскиот спортски резултат на најдобрите македонски фудбалери.
Истовремено Димевски испрати искрени честитки до претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини за историскиот успех и изборениот пласман на Европското првенство во фудбал 2021!