ШОК НА ИЗБОРИТЕ ВО САД: Пред еден месец почина од корона, па победи на изборите во Северна Дакота

by Тони Зографски

Републиканецот Дејвид Андал во Северна Дакота ја освои функцијата владин функционер иако почина пред скоро еден месец од компликации предизвикани од инфекцијата со ковид-19. Андал и уште еден републиканец освоија две места во Северна Дакота, а тој успеа да освои околу 36 проценти од гласовите.

Инаку, Дејвид Андал почина на 55-годишна возраст на 5 октомври откако се разболе и беше хоспитализиран со новиот коронавирус. Мајката на кандидатот, Пат, за весникот „Бизмарк трибјун“ изјави дека болеста на нејзиниот син била многу неочекувана и дека Андал бил „многу внимателен“ за време на пандемијата.

„Тој имаше силни чувства кон својата општина… и сакаше да ги подобри работите“, рече таа.

Сега, за неговото место ќе се најде замена од редовите на републиканците.

 

останати вести