Македонската фудбалска репрезентација е на една победа од историски успех, пласман на Европското првенство во 2021 година, откако синоќа на арената „Тоше Проески“ во интересен натпревар со 2:1 го победи Косово. Сега остануваат уште 90 минути до остварување на сонот, а тоа е пласман на ЕВРО. Само треба уште да ја минеме Грузија во Тбилиси на 12 ноември. А потоа одиме на ЕП и тоа сме во групата со Австрија, Холандија и Украина.
Евенталниот успех во Тбилиси, истовремено богата ќе ја наполни касата на Фудбалската федерација. Имено, премијата за пласман на Европското првенство е 9,25 милиони евра. Победа на самиот турнир носи 1,5 милион евра, а реми 750.000.
Инаку, ако се пласираме во завршницата, отвораме на 13 јуни во Букурешт против Австрија, во истиот град играме и со Украина, а против Холандија би играле во Амстердам.